Во основните и средните училишта во општина Струмица континуирано се работи на подобрување на условите за изведување на образовно – воспитниот процес. Во таа насока е и преадаптацијата на постоечка просторија во сала за физичко и здравствено образование во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во селото Дабиле. Според директорот на училиштето, Зоран Христовски, просторијата е целосно реновирана со нов под, таван, ѕидови, а ќе има и две соблекувални за учениците. Со овој зафат учениците во ова училиште ќе имаат пристојни услови за изведување на часовите по физичко и здравствено образование.