Средното општинско училиште „Никола Карев“ се вклучи во одбележувањето на Европската недела на кодирањето и е единственото средно училиште во Република Македонија кое учествуваше во еден од десетте настани организирани по тој повод.

Оваа недела е нова иницијатива која има за цел да ги доближи кодирањето и дигиталната писменост до сите на забавен начин.Одбележувањето на европската недела на кодирањето во нашето училиште траеше три дена, првиот ден се одржа работилница на која учениците беа запознати со општите начела на кодирањето, но и со функционирањето на еден робот. Вториот ден се одржа натпревар помеѓу две екипи во програмирање на робот и третиот ден, учениците склопија роботче од лего коцки и го програмираа да направи одделни функции, рече Никола Делевски, професор по физика.Инаку, оваа група на ученици физичари се подготвува и за учество на меѓународната олимпијада по експериментална физика која што на 31 октомври ќе се одржи во Куманово.Претставници од ова училиште ја посетија и градинката „Детска радост“ клон 1 каде преку презентација на современите детски играчки беше реализиран забавниот дел на одбележувањето на Европската недела на кодирањето.