Во организација на еколошкото друштво „Планетум“ денеска почна да се уредува уште една јавна површина во градот, а во рамките на проектот „Зелена граѓанска акција во Струмица“. Проектот е поддржан од општина Струмица преку програмата за поддршка на невладиниот сектор за 2015 година, а во неговата реализација се вклучени и одделението за заштита на животната средина и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.Се работеше на уредување на јавната површина пред станбената зграда на улицата „Ристо Клепов“ број 2. На овој простор ќе бидат поставени сет од клупи и маси, саксии и канти за отпад, а ќе биде и хортикултурно уреден.