Решение за свикување на триесет и третата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р е ш е н и е

за свикување на триесет и третата седница на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам триесет и третата седница на Советот на општина Струмица за ден 13.11.2015 година (петок).

Триесет и третата седница на Советот на општина Струмица, ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00 часот.

За работа на седницата предлагам:

Усвојување на записникот од триесет и втората седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н р е д

1. Предлог – План на програмите за развој;

2. Предлог-Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Струмица за 2015 година;

3. Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот кварал од 2015 година;

4. Предлог – Одлука за отпис на долг по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување;

5. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во опственост на општина Струмица;

6. Програма за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“- Струмица за 2016 година;

7. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ за првото полугодие од I do VI месец 2015 година;

8. Извештај за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ за периодот од 01.01 до 30.09. 2015 година;

9. Извештај за работaта на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за периодот од 01.01 до 30.09. 2015 година;

10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 686/1 КО Струмица;

11. Предлог – Одлука за утврдување неисполнети услови за донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7519 КО Струмица;

12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7908 КО Струмица; и

13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 771 КО Банско.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов с.р.