Општина Струмица минатата недела реализираше повеќе градежни активности. Согласно Програмата за улици и патишта за 2015 година, нов асфалтен слој се стави на три улици во градот и тоа „Ристоман Попчевски“, „Димитар Цветинов“ и „Атанас Нивичански“. Со нов асфалт од типот АБ 11 во дебелина од 4 сантиметри на овие улици е опфатена вкупна површина од 2.680 метри квадратни.
Покрај поставувањето на втор слој асфалт, градежни зафати се реализираа и на тротоарите на неколку улици во градот. Со бекатон плочки обновени се тротоарите на улиците „Јане Сандански“, „Сава Ковачевиќ“, а претходно и на улиците „Вардарска“ и „Јадранска“. Освен во градот, се работи и во населените места. Во Добрејци се изврши санација на ударните дупки во централното подрачје, во Дабиле се исчисти атмосферскиот канал, а градежни активности се реализираат и во други населени места.Сите овие градежни зафати се финансирани од буџетот на општина Струмица.