Заврши бетонирањето на тротоарот од десната страна на улицата „Бетовенова“ на потегот од спојот со улицата „Плачковица“ до спојот со улицата „Бошко Буха“. Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска ги расчистуваа остатоците од земјата на улицата и останатиот отпад. Истовремено, друга екипа врши подготовки за бетонирање на улицата „Бошко Буха“, денеска, се поставуваат рабниците, а по бетонирањето ќе биде поставена и урбана опрема.