За прибирање Програми од здруженија и фондации од Општина Струмица во рамките на Стратегијата за социјална заштита на своите граѓани – Акцискиот план 2015-2020, кои ќе бидат финансирани од Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита и заштитата на децата во 2017 година.
Финансиските средства предвидени во Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита во 2017 година, V2– Програма за социјална заштита/трансфер до НВО, од Буџетот на Општина Струмица за 2017 година ќе се доделуваат на здруженија и фондации по програмски активности исклучиво во рамките на точно утврдена активност, мерка, приоритет или стратешка цел од Акцискиот план по Старатегијата за социјална заштита на своите граѓани 2015-2020 година.
Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации;
– Корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Струмица;
– Остварувањето на нивните програми како и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ,
Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Предлог програмските активности да кореспондираат со горе наведената Стратегија-Акциски план на Општина Струмица од 2015-2022 година
– Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во предлог проектот.
– За сите програмски активности задолжително е кофинансирање во износ од најмалку 10% од вкупниот буџет на програмската активност.
– Предлог програмите и во рамките на нив проектните активности мора да бидат родово сензитивни, со особено внимание на родовта компонента кај вклучениот персонал со кои апликантите имаат намера да ја имплементираат програмата.
Елиминаторни критериуми
1. Не соодветност на предлог програмските активности со Стратегијата-Акцискиот план за Социјална заштита на своите граѓани на Општина Струмица 2015-2020.
-Доколку предлог програмските активности со кои здружението или фондацијата се јавува на огласот не кореспондира со горе наведениот стратешки документ, односно точно не ја потврдува, стратешката цел-приоритетот, односно мерката и во тој контекст активноста точно наведена во акцискиот план, истиот нема да биде земен во предвид за понатамошно разгледување и оценување.
2. Непотполна документација
-Доклку се констатира дека недостасува било кој од документите кои се бараат во прилог на пријавата со кој здружението или фондацијата се јавува на огласот, иститиот нема да биде земен во предвид за понатамошно разгледување и оценување.
Времетраење
Предвидениот период за реализација на програмските активности да бидат 01 април до 31 октомври 2017 год, со евентуално барање за продолжување на истите заради оправдани причини.
Вкупно предвидени-планирани или достапни средства
Вкупните предвидени-планирани финансиски средства во Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на Социјалната заштита и заштитата на децата во 2017 година, V2– Програма за социјална заштита/трансфер до НВО, од Буџетот на Општина Струмица за 2017 година, или вкупно достапни средства се во висина од 600.000,00 денари.
Висина на достапни средства за поединечен проект
Секое здружение или фондација која се јавува на јавниот повик може да бара најмногу 250.000,00 денари или најмалку 60.000,00 денари
Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.
Покрај пријавата за финансиска поддршка, Здружението или фондацијата која треба да биде пополнета со печатни букви во кирилско писмо потпишана од застапникот, заверена со печат и штембил, Здружението или Фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:
1.Пополнет „Апликационен формулар со буџет“ кој може да се симне од веб страницата на Општина Струмица www.strumica.gov.mk
2.Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија и Фондации
3.Тековна состојба на здружението не постаро од 6(шест) месеци,
4.Профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти на било кој начин со опис на финансиски средства за нивна реализација.
5. Годишна програма на активности за 2017 година;
6. Извештај за добиените-користени средства од Општината Струмица во изминатите години
7.CV(биографија) на главниот вклучен персонал
8.Електронска верзија ЦД аликација/пријава-предлог програмските активности и целокупната наведена документација (скениранаПДФ) како прилог кон апликацијата/пријавата.
Проектната документација треба да биде доставена во затворен плик
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица- Одделение за ЛЕР
Ул.„Благој Јанков Мучето“ Бр.37, поранешен ДОМ на АРМ
2400,Струмица
На пликот во горниот лев агол треба да стои „Не отварај“, а во долниот десен агол „За јавен повик по V2– Програма за социјална заштита/трансфер до НВО, од Буџетот на Општина Струмица за 2017 година.
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Рок за поднесување на пријавите-предлог проектите
Рокот за поднесување на пријавите-предлог проектите е 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик на општинската веб страница, како и во два локални медиуми.
Рок за објавување на резултатите
Комисијата за распределба на средствата именувана од градоначалникот со решение, согласно методологија за распределба на средствата, усвоена од Советот на општина Струмица должна е во рок од 7 дена по истекот на рокот за пријавување да ги разгледа апликациите за предлог Годишните програми-програмските активности од здруженијата и фондациите, да изврши бодирање согласно критериумите, да изготви записник и достави до Вршителот на должноста градоначалник предлог бодовна листа со предлог финансиска поддршка согласно освоените бодови и во рок од 5 дена по донесувањето на одлуката од страна на Вршителот на должноста градоначалник за распределба на финансиските средства да ги соопшти резултатите и воедно да изврши усогласување на активностите на програмските активности согласно добиената финансиска поддршка како и да подготви договор кој ќе биде склучен помеѓу општината и здружението кое добива финансиска поддршка за 2017 година.
Заради транспарентност во разгледувањето и оценувањето на пријавите, општината во Комисијата за спроведување на јавниот повик согласно методологијата вклучува и еден претставник од Граѓанскиот сектор.
За таа цел граѓанскиот сектор во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик треба да одржат состанок на кој ќе изберат и делегираат нивен претставник.
Избраниот претставник треба да го потврдат со потпис и печат најмалку 15 здруженија на граѓани од Општина Струмица. Документот со кој се делегира лицето како претставник на здруженијата на граѓани во комисијата, треба до крајот на важењето на огласот да го достават во архивата на Општина Струмица- Секторот за ЛЕР,ЗЖС,МЦ и ЕФ.
Напомена!
Сите заинтересирани Здруженија на граѓани кои имаат намера да се јавата на јавниот повик, мора да обрната сериозно внимание на Упатствата кои се дадени како прилог на огласот!
Апликационен Формулар за V2 за 2017год
Додаток Бр.2 Образец за Наративен извештај за 2017 за V2
Додаток Бр.3 Барање за плаќање за 2017
Лице за контакт:
Тони Милушев
Раководител на Одделение за ЛЕР/Општина Струмица
Тел:034/340 224.
mail: toni.milusev@strumica.gov.mk
Проверил/Одобрил:Н.Г.
____________________
ОПШТИНА СТРУМИЦА
ВРШИТЕЛ НА ДОЛЖНОСТ
ГРАДОНАЧАЛНИК
Костадин Костадинов