Во рамките на редовната настава, ученици од седмите одделенија од основното општинско училиште „Видое Подгорец“ ја посетија Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица. Тие на лице место имаа можност да се запознаат со работата на пожарникарите, го разгледаа возниот парк со кој што располага единицата и им беа објаснети постапките во случај на пожар и други елементарни непогоди. Територијалната професионална противпожарна единица и во изминатиот период била посетувана од ученици и вршела посети на училишта со што ја потврдува нејзината постојана отвореност за соработка.