Вработените во јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работна единица Муртино, деновиве, интензивно работат на чистењето на одводниот канал во населеното место Муртино. Со механизација се чисти каналот од левата страна на патот кон Банско се до мостот меѓу ова и селото Муртино. Овој зафат се реализира во должина од околу 800 метри, а целта е да се заштити ова населено место од можни поплави.