Срдечна средба и дружење за паметење се случи денеска во кабинетот на вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов со претставниците кои учествуваат во реализацијата на проектот „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“. Тој својата искрена љубов кон дечињата вклучени во проектот ја потврди со срдечниот пречек кој што им го приреди уште пред тие да влезат во неговиот кабинет.