Под покровителство на општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, денеска, на спортските терени во општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ стартуваа отворените забавни фудбалски школи. На отворањето на школите, присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.Овој проект тече од 2000-та година, а осум години по ред е финансиран од буџетот на општина Струмица. Оваа година ќе бидат опфатени 140 ученици од различна возраст од основното училиште „Никола Вапцаров“.