Објава

Градоначалникот на Општина Струмица :

ОБЈАВУВА

Издавање на Дозвола  за Усогласување со оперативен план на  инсталацијата Сепарација и Бетонска база на АДГ ,,ПЕЛАГОНИЈА” Струмица

Врз основа на член 113 , член 134 став 2 , член 135 и член 136  од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр: бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 , 51/11 , 123/12 , 93/13 , 187/13 , 42/14) , Градоначалникот на општина Струмица , издаде Дозвола  за усогласување со оперативен план.

Подносител на барањето:

Акционерско друштво за градежништво ,,ПЕЛАГОНИЈА” Струмица

Адреса на подносителот:

Ул: ,, Братство Единство ,, бр.20

Контакт лице:

Даниела Папестиева

Категорија на инсталацијата:

3.Индустрија на минерали

3.2 Инсталации за ископ , дробење , мелење , сеење , загревање на минерални суровини , доколку не се опфатени со Прилог 1 од Уредбата (Сл.весник 89/05)

3.3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50м3 .

Вид на активности:

Дробење и сеење  на минерални суровини  со капацитет од 3 t/h

Изработка на готови бетонски производи со капацитет поголем од 50м3.

Целокупната документација содржана во барањето , предлог – оперативниот план и активностите за заштита и унапредување на животната средина кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација ќе бидат достапни за заинтересираната јавност во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Дозволата на web страната на општина Струмица www.strumica.gov.mk во одделението за заштита на животната средина

Секој работен ден од 08.00-16.00 часот

Контакт телефон : 034/348-030 локал143

ЃД-СС/ОДД.ЗЖС

ОПШТИНА СТРУМИЦА

ГРАДОНАЧАЛНИК

Зоран Заев