Решение за свикување на дваесетата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на дваесетата седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам дваесетата седница на Советот на општина Струмица за ден  14.11.2014  година (петок).

Дваесетата   седница  на Советот на општина Струмица,  ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата го предлагам:

I

Усвојување на записникот од деветнаесетата седница на Советот на општина Струмица.

II

Д н е в е н      р е д

  1. Предлог – План на програмите за развој; и
  2. Предлог за давање согласност на Одлука на Управниот одбор  на  Локалната установа библиотека  „Благој Јанков Мучето“- Струмица.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов