Одбојкарите на Струмица ги победија одбојкарите на Пробиштип и ја освоија шампионската титула во домашното првенство. Овој трет натпревар кој се одигра во спортската сала на средното општинско училиште „Димитар Влахов“ го следеше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој по завршувањето на натпреварот на капитенот на одбојкарскиот клуб Струмица му го врачи шампионскиот пехар и заедно со одбојкарите се радуваше на постигнатиот успех.