На 21 јуни со почеток во 20 часот во центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи четвртиот по ред ЈОЈО фестивал на детски песни. Вкупно 14 распеани дечиња од Струмица, а годинава за првпат и од Скопје и Гевгелија преку 14 новокомпонирани песни ќе пеат за музиката, љубовта, модата, слатките, принцезите, летото, децата, за Струмица.
На фестивалот му претходеа аудиции кои што се одржаа во сите општински основни училишта во периодот од февруари до крајот на месец април 2017 годинава. На аудициите беа пријавени повеќе од 500 дечиња, од кои 40 беа избрани за финалисти. Фестивалот се одржува под покровителство на општина Струмица, а влезот е слободен.