Во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за танспорт и врски, Горан Сугаревски, пратеници во Собранието на Република Македонија и други гости, денес во Технолошко-индустриската развојна зона – Струмица, во близина на Свидовица, свечено беше отворена новата фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта на компанијата „Адиент“.
Новата фабрика се простира на површина од 12.500 метри квадратни и е опремена со современа технологија за производство, а навлаките за автомобилски седишта со знакот на „Адиент“ ќе бидат наменети за потребите на клиентите од европскиот пазар. На отворањето на фабриката присуствуваа и претставници од Општина Струмица, предводени од в.д. градоначалникот Костадин Костадинов и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.