Советот на општина Струмица денеска ја одржа 35-седница. На истата, советниците ги усвоија предлог – планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2016/2017 година, предлог – одлуката за долгорочно задолжување на Општината, предлог – одлуката за отстапување на моторно возило (трактор) на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, извештајот за работата на Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица за 2015 година.
На денешната седница на Советот беше усвоено и предлог – решението за именување претставник на општина Струмица во управниот одбор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Струмица и предлог – одлуката за изработка и имплементација на проектот „Штедиме енергија – градиме иднина“ на средното општинско училиште „Димитар Влахов“. Најголемо внимание советниците посветија на првата точка од дневниот ред, односно, за предлог – планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица за учебната 2016/2017 година. Сакам да напоменат дека од денес, седниците на Советот ќе се пренесуваат со знаковен јазик за глуви и наглуви лица. Инаку, за учебната 2016/2017 година се предлага опфат од 1.282 ученика распоредени во 38 паралелки со гимназиско и стручно образование во 18 струки и 25 образовни профили, или поконкретно, во СОУ „Јане Сандански“ предвидено е да се запишат 408 ученици, во СОУ „Димитар Влахов“ 340 и во СОУ „Никола Карев“ предвидено е да се запишат 534 ученици. На дневен ред беше и извештајот за работата на Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица за 2015 година и беше утврдено дека има зголемување на интервенциите, и тоа во 2014 година имало 407 интервенции, а во 2015 година има зголемување за десет проценти, односно, службата имала 447 интервенции, рече Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.