Вчера, дежурни екипи од Работната единица „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“, ја спроведоа најавената акција за собирање отпад од гранки и треви на територијата на градот. Според изјавата на раководителот на оваа работна единица – Бранко Ѓоргиев, акцијата била успешно спроведена, при што се подигнати 52 метри кубни отпад од 94 локации, а по 72 пријави од граѓани.