Заменик градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, беше меѓу граѓаните кои на големиот празник Богојавление – Водици присуствуваа на фрлањето на светиот крст во водите на базенот „Аквариус“. Тој, од името на општина Струмица, на Лазо Котуровиќ кој беше најбрз и го фати крстот му подари Крст реликвијар од локалитетот „Цареви кули“ од 12-13 век и му посака многу здравје, среќа и успех.