Се отстрануваат и последните остатоци од снегот на плоштадот „Гоце Делчев“

Екипа на работната единица „Чистота“ на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска работи на плоштадот „Гоце Делчев“. Иако досега во повеќе наврати и рачно и машински се чистеше снегот, со покачувањето на температурата и омекнувањето на замрзнатите остатоци од него, сега се врши целосно отстранување на остатоците од снегот. Во деталното чистење на плоштадот вклучена е специјална машина за таа намена и повеќе вработени во работната единица „Чистота“.