Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, поддржан од Детската Фондација Песталоци, во организација на МЦГО-Скопје, во хотел Метропол во Охрид се одржа Национална Конференција, со цел да се разменат искуства и добри практики од меѓуетничката интеграција во образованието помеѓу училиштата од општините кои се вклучени во проектот. Од општина Струмица во овој проект беа вклучени двете основни училишта „Маршал Тито“ од с. Муртино и од Струмица, а во оваа фаза од проектот се придружува и училиштето “Никола Вапцаров“ од Струмица.
На ова конференција беа споделени искуствата од советниците од БРО-Скопје, а секое училиште имаше можности за презентација на своите досегашни активности, утврдени преку нивните акциони планови за работа на секциите, реализирани мешани часови по наставните предмети Општество и Граѓанско образование и други придобивки од соработката со родителите и локалната средина.Ново вклучените училишта имаа можност да учествуваат во изработка на акциони планови за наредниот период, а претставникот од општина Струмица, Зоран Узунов ги презентираше општинските образовни политики преку донесената стратегија за образование и добиените искуства од интеркултурната размена на учениците во Детското село Песталоци-Швајцарија.