Пред почетокот на новата учебна година, на две локации во градот се изврши обновување на вештачките издадености на коловозот, популарно наречени „легнати полицајци“. Вакво обновување е извршено на улицата „Моша Пијаде“ пред основното општинско училиште „Сандо Масев“ и пред средното општинско училиште „Јане Сандански“ и на улицата „Маршал Тито“ пред средното општинско училиште „Никола Карев“. Целта на обновувањето е зголемување на безбедноста на учениците од овие училишта.