Продолжува асфалтирањето на улиците во населените места планирани во првата фаза на овој градежен зафат на општина Струмица. Вчера се асфалтираа две улици во населеното место Добрејци, а исто толку денеска и во Дабиле. Во оваа прва фаза досега се асфалтираше во Куклиш и Градско Балдовци, а асфалт ќе се поставува и на улици во Габрово, Рич, Костурино, Муртино, Вељуса и Попчево. Асфалтирањето се врши согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Струмица за 2017 година и се реализира со средства од општинскиот буџет.