На 13 и 14 Септември 2017 во организација на Здружение за негување на традиционални вредности ПОТОМСТВО – Струмица, се одржа дводневна работилница за совладување на најчесто употребувани фрази кај македонската и турската заедница. Работилницата беше дел од проектот „Приближување на македонскиот и турскиот јазик преку музика и песна“, финансиран од Г1 Програмата на општина Струмица.
Модератор на работилницата беше наставничката Аида Бекирова во соработка со наставничката Ана Тимова. Во работилницата учествуваа ученици од македонска и турска националност. Учениците од двете етнички заедници се запознаа со изразите кои се заеднички за двата јазика, но и се запознаа со најчесто употребуваните зборови на другарчињата од другата етничка заедница. Работилницата беше збогатена со музички композиции кои ги исполни оркестар составен од дечиња од македонската и турската заедница. Учесниците, ученици од македонска и турска националност ги исполнија песните на народни музички инструменти. На дводневната работилница учество зедоа дваесетина ученици од двете етнички заедници.