Одбојка

Одбојка

ОК СТРУМИЦА


ОК СТРУМИЦА е формиран 1947 и најголем успех е освојувањето на шампионската титула во 1993 година. Заедно со екипата на ОК ЏИО (преименета од ОК ЈУГОСЛАВИЈА и ОК МАКЕДОНИЈА формирана во 1972) имаат најмногу вицешампионски титули во првенството и во купот, како и настапи во европските купови и балканските лиги. И оваа сезона важат за еден од најголемите фаворити за освојување на една од титулите.

ОК МАКЕДОНИЈА МАКС (Ж)

Формиран: 1972 година.

Настапи: Шампиони на Македонија во 1992/93 година. Постојани прволигаши во македонската лига. Во склоп на клубот функционира и младинската школа каде секојдневно тренираат преку 50 девојчиња.
Тренер: Зоран Јанков

ЛЕГЕНДИ

Никола Донев
Роден: 17.05.1947 година во Струмица Клубови: Струмица, Вардар
Репрезентативец на Југославија (светско првенство 1972 во Софија)
Поранешен тренер на ОК Струмица
Избран за одбојкар на векот во Струмица во 2000 година.
Живее и работи во Струмица.

 

Јасмина Гушева-Пандева
Родена: 21.03.1971 година во Струмица
Клубови: Македонија, Студент (Ниш). Младинска и сениорска репрезентативка на Југославија (ЕП 5 место во Италија), Младинска и сениорска репрезентативка на Македонија. Прогласена за одбојкарка на векот во Струмица во 200-та година. Дипломиран економист и успешен бизнисмен. Живее и работи во Струмица.