Од 09:00 часот наутро ЈПКД „Комуналец ја почна акцијата за делење втора канта за смет на струмичките домаќинствата со цел – селекција на отпад од пластика и лименки. Во присуство на г-ѓа Бојана Станојевска Пецуровска, Претседател на Центарот за климатски промени од Гевгелија придружувана од г-дин Костадин Костадинов, Градоначалник на Општина Струмица, беа поделени првите канти за селекција на отпад.
Во правата етапа ќе бидат опфатени населбата “Карпош“ и сите улици на потегот од улицата “Браќа Миладинови“ до улицата “Мито Хаџивасилев – Јасмин“, како и потегот од Булевар “Климент Охридски“ до Булевар “Маршал Тито“. Со реализацијата на оваа акција и официјално започна селектирањето отпад во Струмица, процес кој во наредниот период постепено ќе се прошири и на целата територија на општината.
Кантите за смет ќе се делат бесплатно, а апел до сите граѓани е правилно да бидат користени за селекција на отпад од пластика и лименки.