Општинска администрација

Сектор за локален економски развој и заштита на животната средина
Секторот за локален економски развој и заштита на животната средина ги врши следните работи:
– ја води локалната економска политика преку планирање на локалниот економски развој со утврдување на развојни приоритети за општината,
– остварува меѓународна соработка со посебен акцент на проекти кои се финансираат од фондовите на Европската Унија и
– врши работи кои се однесуваат на заштита на животната средина преку изготвување на планови и програми и превземање на мерки за заштита согласно со закон.

Раководител на сектор: Никола Годев

Одделението за заштита на животната средина ги врши следните работи:

– врши оценка на влијанието на животната средина и природата;
– предлага мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот и земјиштето;

– предлага мерки за заштита од бучава и нејонизирачко зрачење;
– врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.
Раководител: Томислав Андреев

Оделението за локален економски развој извршува работни задачи кои се однесуваат на:
– планирање на локалниот економски развој;
– утврдување на развојните и структурните приоритети;
– водење на локална економска политика;
– подршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемаштвото на локално ниво;
– соработува со невладините организаци ;
– учествува во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;
– го подготвува претставувањето на општината на сите домашни и странски манифестации;
– врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.

Раководител: Тони Милушев

Одделението за меѓународна соработка и европски фондови, ги врши работите што се однесуваат на:
– подготвува воспоставување на меѓународна соработка на општината со меѓународни организации и институции и други општини од странство;
– ги следи понудите за финансирање на проекти од меѓународни фондови и донатори, подготвува проекти и аплицира за истите;
– подготвува протоколи за збратимување и продлабочување на соработката со други општини од странство;
– организира настани и дистрибуира информации поврзани со подготовка и спроведување на проекти што се финансираат од фондовите на Европската Унија;
– врши и други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Раководител: Џоко Ристовски

Одделение за заштита на животната средина ги врши следните работи:
– врши оценка на влијанието на животната средина и природата;
– предлага мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот и земјиштето;
– предлага мерки за заштита од бучава и нејонизирачко зрачење;
– врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.
Раководител: Ѓорги Димитриевски

Сектор за финансиски прашања
Секторот за финансиски прашања ги врши следните работи:

– ги следи и применува законските и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално- финасиското работење;
– го контролира спроведувањето на финансиското управување и контрола;
– го следи прибирањето на приходите; го следи плаќањето на расходите;
– го подготвува стратешкиот план и буџетот за наредната година, како и предлогот за нивно изменување и дополнување;
– врши утврдување, наплата и евиденциј на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на општината;
– ја изготвува завршната сметка на буџетот;
– води евиденција на имотот на општината;
– ги следи извештаите за состојбите на сметките на општината;
– воспоставува и спроведува сметководство за општината и облиците на месната самоуправа;
– воспоставува ревизорска трага и спроведува контрола над истата;
– изготвува годишен финансиски извештај;
– спроведува ex- ante и ex- post финансиска контрола;
– го следи буџетското и финансиското извршување и известување;
– врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.

Раководител на сектор: Бранко Палифров тел.034/348030

Одделението за буџетска координација ги врши работите што се однесуваат на:

– го подготвува стратешкиот план и предлог- буџетот за наредната година, како и предлозите за измена и дополнување на истите;
– го координира процесот на финансиско управување и контрола и во координација со единицата за внатрешна ревизија дава упатства за спроведување на истиот;
– го подготвува годишнииот финансиски извештај;
– подготвува решенија за внатрешна распределба на вкупниот буџет;
– врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.
Раководител: Евгенија Граматикова тел.034/348030

Одделението за буџетска контрола, ги врши работите што се однесуваат на:
– го следи целосното и навремено прибирање на приходите;
– го следи навременото плаќање на расходите;
– ја следи усогласеноста на извршување на буџетот во целост или за одделни буџетски ставки;
– ја следи ефективноста на буџетската контрола;
– врши проценка на ризикот на процесите на финансиското управување и контрола и изготвува мапа на процеси;
– го следи и контролира извршувањето на договорите за јавна набавка во сите сегменти;
– спроведува контрола на ревизорската трага;
– врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.

Раководител: ,

Одделението за сметководство и плаќања ги врши следните работи:
– спроведува сметководтвено евидентирање за извршувањето на буџетот, основните средства, наплата на побарувањата и плаќањето на достасаните обврски;
– спроведува навремено, точно и целосно евидентирање на плаќањата;
– изготвува месечен финансиски извештај за реализација на извршување на буџетот согласно со внатрешната распределба на истиот;
– изготвува годишна сметка;
– изготвува и доставува до трезорот годишни, квартални и месечни финансиски планови за извршување на буџетот;
– спроведува ex- ante контрола;
– воспоставува ревизорска трага преку документирање на финансиските и други трансакции;
– врши сметководствени работи за облиците на месната самоуправа;
– изготвува налози за плаќања; врши пресметка и исплата на плати и благајничко работење;
– врши ажурирање на сопственоста на подвижниот и недвижниот имот на општината;
– врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.

Раководител: Тимо Комаров, тел.034/348030

Одделението за администрирање на приходи ги врши работите кои се однесуваат на:
– планирање и утврдување на приходите;
– евиденција на наплата- собирање на локалните даноци, такси и надоместоци на општината утврдени со закон;
– идентификација и регистрација на имотот на даночните обврзници;
– како и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.

Раководител: Душко Василев тел.034/348030

Сектор за урбанизам и комунални работи
Секторот за урбанизам и комунални работи извршува работи кои се однесуваат на:
– урбанистичкото планирање,
– издавање на одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со Закон,
– уредување на просторот и уредувањето на градежното земјиште;
– обезбедување услови за снабдување со вода за пиење;
– одведување на отпадните и атмосферските води;
– организирање на јавниот локален превоз;
– локалните улици и патишта;
– сообраќајот и сообраќајната сигнализација; создавање услови за поставување на неопходната инфраструктура во населените места;
– ги врши работите на управување со градежното земјиште
– и други работи кои ќе бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Помошник раководител на сектор: Ристо Пецев Тел. 034/321-534

Одделението за урбанизам ги врши следните работи:
– урбанистичко (урбано и рурално) планирање;
– учествува во постапката за изработка, донесување, изменување и дополнување на Генерален урбанистички план, детален урбанистички план, општ акт за условите за градба на објекти во населено место, урбанистички проекти и друга урбанистичка документација;
– покренува иницијатива за изработка, дополнување и изменување на урбанистичките планови;
– ја следи реализацијата на урбанистичките планови;
– изготвува програми за урбанистичко планирање и уредувањето на градежното земјиште;
– издава одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со закон;
– се грижи за уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште;
– врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.
Раководител: Софија Ристова, Тел. 034/323-477

Одделението за комунални работи ги врши работите што се однесуваат на:
– снабдување со вода за пиење;
– испорака на технолошка вода;
– одведување и прочистување на отпадните води;
– јавното осветлување;
– одведување и третман на атмосверските води;
– уредување и организирање на јавниот локален превоз;
– обезбедување на услови за снабдување со природен гас и топлинска енергија;
– изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици и други инфраструктурни објекти;
– регулирање на режимот на сообраќај;
– изградба и одржување на уличната сообраќајна сигнализација;
– изградба и одржување на јавниот простор за паркирање;
– изготвување на програма за регулација, одржување и користење на речните корита во урбаните делови;
– води евиденција на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
– врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
Раководител: Славе Глигоров, Тел. 078/298-796

Одделението за управување со градежно земјиште, ги врши работите што се однесуваат на:
– ги следи законските прописи и подзаконските акти кои се однесуваат на управувањето со градежното земјиште сопственост на Република Македонија;
– прима и разгледува барања за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, користење на градежно земјиште за коцесија и јавно приватно партнерство;
– подготвува договори за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија;
– разгледува и води постапка за посебни случаи на стекнување право на сопственост на градежно земјиште согласно со закон;
– води регистар на градежно земјиште кое е отуѓено и дадено под долготраен и краткотраен закуп;
– изготвува едногодишна програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште сопственост на Република Македонија;
– координира и најтесно соработува со Комисијата за спроведување на постапка за јавно наддавање за отуѓување и давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште;
– врши и други работи кои се однесуваат и ќе се стават во однос на располагањето и управувањето со градежното земјиште.

Раководител: Атанас Филев, тел. 076/271-483

Сектор за правни и општи работи
Секторот за правни и општи работи ги врши следните работи:
– подготвување акти за Советот и Градоначалникот,
– ги подготвува седниците на Советот и седниците на неговите работни тела,
– врши стручни работи за Советот и Градоначалникот,
– ракува со документи на општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на РМ,
– дава мислење на актите од аспект на нивната законитост
– ги спроведува целокупните постапки за јавни набавки од секаков вид

Раководител: Борис Димитријев, тел.034 348030

Одделението за правни и општи работи, ги врши работите што се однесуваат на:
– изготвување на одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот,
– дава мислења на актите од аспект на нивната законитост,
– ги следи прописите и нивните измени и дополнувања,
– врши стручни и организациони работи за Советот и градоначалникот,
– ракува со документите на општината,
– врши одржување и унапредување на информатичко- комуникациските системи на општината,
– го изготвува службеното гласило на општината,
– работи и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.

Раководител:  Белагија Аливкинова, Тел. 034/348-030

Одделението за јавни набавки ги врши следните работи:
– ја следи законската регулатива која се однесува на јавните набавки;
– подготвува годишен план за јавни набавки и води грижа за неговото спроведување;
– ги утврдува начинот на постапката на вршење на јавна набавка во зависност од видот и вредноста на набавката согласно Законот за јавните набавки;
– ја изготвува целокупната докумантација потребна за јавите набавки;
– ја следи работата на комисијата за јавни набавки и дава стручна и техничка помош;
– изготвува договори за јавните набавки и го следи нивното спроведување;
– предлага мерки и активности за спречување на јавни набавки надвор од годишниот план и средствата предвидени со Буџетот на општината;
– води регистар на јавните набавки;
– води регистар на добавувачи на општината;
– врши и други работи што ќе му бидат доверени од страна на Советот и Градоначалникот.

Раководител: ,

Сектор за поддршка на градоначалникот
Секторот за поддршка на Градоначалникот ги врши следниве работи:
– ги следи законите и другите прописи од надлежност на општината, а посебно од надлежност на Градоначалникот,
– соработката на Општината со збратимените градови;
– организирање на работни и други средби на градоначалникот;
– координирање на мерки и активности со протоколи на домашни и странски делегации;
– организирање јавните настапи на градоначалникот во средствата за јавно информирање, конференции, трибини и сл;
– врши други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи
– организирање на работни и други средби
– соработува со урбаните и месните заедници од општините
– организира непосреден контакт на граѓаните со органите на општината
– врши и други работи доверени од Градоначалникот

Раководител:

Одделението за административна поддршка на Градоначалникот, ги врши работите што се однесуваат на:
– ги следи Законите и другите прописи од надлежност на општината, а посебно од надлежност на Градоначалникот,
– го планира и организира работниот протокол на Градоначалникот и се грижи за негово извршување,
– изготвува известувања за јавноста за работи од надлежност на Градоначалникот,
– врши и други работи доверени од Градоначалникот.

Раководител: Љупка Цикарска

Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа, ги врши работите што се однесуваат на:
– врши непосреден контакт со граѓаните и облиците на месната самоуправа;
– дава усни правни совети на граѓаните и им помага и укажува на начинот на остварување на нивните права;
– дава информации на граѓаните за областите за кои е надлежна општината;
– го мери задоволството на граѓаните од работата на општинската администрација;
врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.
Раководител:

Сектор за образование и јавни дејности
Секторот за образование и јавни дејности ги врши работите што се однесуваат на:
– организирање на работата во образованието,
– дава информации на граѓаните за најразлични прашања од областа на образованието
– пратење на состојбите во јавните дејности и дава предлози и мислења за унапредувања на состојбите во истите,
– врши и други работи доверени од Градоначалникот

Раководител: ,

Одделението за образование, ги врши работите што се однесуваат на:
– го организира воспитно- образовниот процес во општината, притоа спроведувајќи ги општинските образовни политики,
– изготвува анализи и препораки во врска со организацијата на училишниот систем во општината,
– соработува со училишното раководство и го поддржува реализирањето на дневните активности и функционирањето на воспитбо- образовниот процес,
– врши оценки и анализи на тековната поставеност на училишната мрежа и дава препораки за нејзина оптимизација,
– врши активности во насока на запишување на децата на училишна возраст во задолжително основно образование,
– дава информации на граѓаните за најразлични прашања од областа на образованието,
– врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот на општината или Градоначалникот, а се во врска со образованието.

Раководител: ,

Одделението за јавни дејности, ги врши работите што се однесуваат на:
– ги следи, проучува и применува законите;
– ги следи прописите и општите акти кои се однесуваат на здравствената и социјалната заштита;
– се грижи за заштитата на децата, културата, спортот, цивилната и противпожарната заштита врши работи од овие области, за кои со закон е надлежна општината.

Раководител: ,

Pages: 1 2