Планинарство

Планинарство

Планинарско Еколошко Друштво ЕДЕЛВАЈС
Претседател: Ристе Киров
Формирано: 1995
Членови: 150
Контакт тел: 071/239-798
Е-маил: pededelvajs@yahoo.com

Планинарското Еколошко Друштво ЕДЕЛВАЈС-Струмица е формирано 1995 година и е член на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Друштвото брои околу 150 членови од кои активни се 40.
Планинарското Еколошко Друштво ЕДЕЛВАЈС зема учество на сите натпревари во спортска ориентација во натпреварувачката лига на Македонија, алпинистички табори, натпревари во спортско качување, екологијата и општото планинарење. Членови на ПЕД ЕДЕЛВАЈС досега учествувале на многубројни натпревари во странство: Србија, Грција, Бугарија, Романија и Унгарија каде има постигнато значителни резултати. ПЕД Еделвајс има изработено две топографски карти на месноста Суви Лаки и на Езеро Водоча каде 2005 година го организира досега најголемиот и најквалитетен натпревар во спортска ориентација на Македонија.




ПАОК ЕНТУЗИЈАСТ
Планинарско алпинистички орентационен клуб “Ентузијаст” е формиран во 1980 година, член при “Федерацијата на планински спортови на Македонија”
Членови: 80 од кои 20 активни.
ПАОК Ентузијаст, се состои од 4 асоцијации: 1. Рекреативен спорт – Планинарење 2. Лига систем на ориентација 3. Лига на ” Climbing ” качување во спортски Сали 4. Алпинизам
Учество: сите можни натпревари во нашата држава и надвор од неа.
Телефон за контакт: 070/781-685

Места каде се оддржуваат натпревари и собири за спортско качување: Струмица, Штип, Неготино, Скопје, Битола, Матка, Демир Капија.
Места каде се одржуваат натпревари во спортска ориентација: Езеро Водоча, Свети Илија, Суви Лаки во Струмица, Мермерно езеро и Беловодица во Прилеп, Пљачковица во Радовиш, Водно во Скопје и други.
Ентузијаст е горд на своите најистакнати членови Серафим Серафимовски и Билјана Серафимовска.
За поголема афирмација на Спортското качување клубот “Ентузијаст” изгради вештачка карпа во ДСТТУ”Никола Карев” во Струмица.

АЛПИНИСТИЧКИ КЛУБ СКАЛА