Природни карактеристики
КЛИМА
Специфичната географска и топографска положба на Општина Струмица ја карактеризираат две зонални клими. Субмедитеранска, со поголемо или помало вкрстување со источно-континентална, чија испреплетеност на регионот му даваат посебен белег – долги топли лета со високо среднодневни температури и намалено годишно количество врнежи, намалени зимски температури и појава на ветрови од сите правци.
Карактеристични за тој регион се северозападниот, југозападниот, а поретко северецот и јужниот топол ветер.
Просечната годишна температурa на воздухот е 13,1 С со највисоки просечни месечни температури во Јули 23,9 С и најниски просечни месечни температура во Јануари 1,7 С.
Во однос на светлината, Струмичкиот регион се одликува со долг период на сончеви денови и со висок светлосен интензитет што позитивно влијае на фруктификацијата. Има околу 230 сончеви денови. Сончевиот сјај трае просечно 2377 часа годишно. Магла во просек има најмногу 20 дена и тоа во ноември, декември и јануари.
Поради субмедитеранските влијанија од Егејското море и влијанието на континенталната клима, климатските услови во Струмичкиот Регион се карактеризираат со намалено годишно количество врнежи, засилена ареидност, и менлив плувометриски режим со намалена зимска температура.
Во Струмица просечно годишно паѓаат 604мм. воден талог со максимум на есен и пролет (април-мај) додека долготрајните суши (над еден месец) со ретка појава (2%).
Месечните температурни промени, како и количеството врнежи во Струмичкиот регион прикажани се табеларно:
Средно месечни температури °С
Година |
Месеци |
прoсечни |
Средна годишна темп. |
|||||||||||
I |
II |
III |
IV |
V |
VI |
VII |
VIII |
IX |
X |
XI |
XII |
|||
2000 |
-5,2 |
4,1 |
7,2 |
15,0 |
20,0 |
22,8 |
25,4 |
25,6 |
21,4 |
13,4 |
9,9 |
3,8 |
21,4 |
13,6 |
2001 |
3,7 |
4,5 |
12,2 |
12,3 |
19,2 |
22,3 |
25,6 |
25,8 |
19,9 |
15,9 |
6,2 |
-4,5 |
21,4 |
13,6 |
2002 |
-3,2 |
6,8 |
0,1 |
12,6 |
18,6 |
23,8 |
28,1 |
23,1 |
15,1 |
12,8 |
7,5 |
4,0 |
22,1 |
12,4 |
Просек |
1,1 |
3,4 |
7,7 |
12,2 |
17,4 |
22,0 |
24,1 |
23,5 |
18,6 |
12,8 |
6,8 |
2,1 |
19,7 |
12,8 |
Сума на месечни врнежи во mm
Година |
Месеци |
Вкупно |
Год. сума |
|||||||||||
I |
II |
III |
IV |
V |
VI |
VII |
VIII |
IX |
X |
XI |
XII |
|||
2000 |
34,3 |
46,5 |
24,8 |
12,9 |
38,9 |
67,9 |
13,4 |
1,2 |
20,0 |
30,6 |
30,6 |
9,1 |
172,0 |
330,2 |
2001 |
60,2 |
21,0 |
14,6 |
110,0 |
45,6 |
17,6 |
5,5 |
65,7 |
23,5 |
5,8 |
23,0 |
94,7 |
163,7 |
487,2 |
2002 |
20,6 |
6,5 |
65,7 |
59,9 |
28,9 |
18,0 |
176,7 |
27,2 |
189,2 |
99,0 |
54,9 |
138,2 |
539,0 |
884,8 |
Просек 89/99 |
30,5 |
32,7 |
31,7 |
58,1 |
47,8 |
39,4 |
55,5 |
27,6 |
23,8 |
51,0 |
55,6 |
78,5 |
245,1 |
532,2 |
ПОЧВА
Речиси целата површина на Струмичкото поле е педолошки испитано. Застапени се повеќето познати типови. Најзастапени се поквалитетни почви, како што се: алувијалните, смолниците, гајњачите и карбонатите со над 80% од вкупно испитаната територија. Од овие површини 26165 ha се погодни за наводнување, а се покриени со алувијални и дилувијални нaноси.
Скалестите почви најраспространети се во планинскиот дел, односно во периферните делови на котлината. Во низинскиот и централниот дел на котлината најповеќе ги има алувијалните почви. Тие зафаќаат околу 11520 ha и како најплодни претставуваат еден од основните фактори за развој на земјоделското производство.
Во реоните на интензивно градинарско производство, кои влегуваат во границите на Општина Струмица, како што се Дабиље, Добрејци, Просениково, Муртино, Куклиш, Градско Балдовци и други, главно се застапени алувијалните почви и помал процент делувијалните со над 99 % фракција ситнозем и според содржината на глина средно до тешки плести. Имаат добра водопропусливост, воздушен и топлотен режим и висок капацитет на абсорпција. Во локалитетите Банско и Баница повеќе се застапени делувијалните почви кои се добро култивирани и погодни за одгледување на земјоделски култури. Во нив најголемо учество имаат површините од II и III класа со вкупно од 24400 ha или над 93 %, додека помалку од 7% му припаѓаат на површините од IV и VI класа.
Ваквата почвена и бонитетна карактеристика на Струмичкото поле го определува и начинот на користењето на земјиштето од страна на земјоделските субјекти.
ПЛАНИНИ
Струмичкиот регион е опкружен со планините Беласица, Огражден и Еленица. Конфигурацијата на овие планински венци е таква што на котлината и даваат форма на голем неправилен триаголник.
- Беласица се наоѓа југо-источно од Струмица со највисок врв 2031 м. Се протега во правец исток-запад со должина од над 70 км. Беласица е една од најстарите планини не само во Македонија, туку и на Балканскиот полуостров. На Беласица се наоѓаат тромеѓата меѓу државните граници на Македонија, Бугарија и Грција.
- Огражден е северо-источно од Струмица со највисок врв 1746 м.
- Еленица се наоѓа западно од Струмица со највисок врв 970 м.
На планинските масиви Беласица, Огражден и Еленица воглавно доминираат листопадните шуми (даб, црн и бел габер, костен и бука).Зимзелените шуми се поретки и се наоѓаат претежно на повисоките делови од планините каде доминираат: бор и ела.
РЕКИ
Хидрографската мрежа во Струмичкиот регион е доста богата испреплетена со повеќе извори, реки и нивни притоки.
Главен реципиент во Струмичката котлина е Реката Струмица, со регулирано речно корито од 31 км. Лева притока на Реката Струмица е Реката Турија со должина на речно корито од 22 км – од Браната Турија до вливот со Р. Струмица, со 8 км регулирано корито.
Десна притока на Реката Струмица е Моноспитовскиот канал со 14,1км речно корито. Во него од левата страна се влива Реката Водочница со 15 км регулирано речно корито. Десна притока на Моноспитовскиот канал со 6 км регулирано речно корито е реката Тркањa.
Реден |
Река |
Должина |
Намена |
Год. на изградба |
1. |
Река |
31 км |
Главен реципиент во Струмичката котлина |
1966 |
2. |
Река |
22 км |
Делумно регулиран водотек, лева притока на р. Струмица |
1983 |
3. |
Моноспитовски канал |
14,1 км |
Одводнување, десна притока на р. Струмица |
1955 |
4. |
Река Водочница |
15 км |
Одводнување, лева притока на Моноспитовски канал |
1984 |
5. |
Река |
6 км |
Поројна река, десна притока на Моноспитовски канал |
1965 |