QR Код за општина Струмица

QR Код за општина Струмица
На 8 Мај 2025 година започнавме градење на хиперлокална мрежа од сензорски монитори за следење концентрации на РМ2.5 на МИКРО локации во општина Струмица. Во прва фаза инсталиравме сензорски системи на 6 локации во градот Струмица, а во блиска иднина ќе ја прошириме мрежата на повеќе локации во сите населени места во општина Струмица. Апликацијата е поставена на Веб-страната на општина Струмица каде секој граѓанин, во секој момент, 24/7, ќе може да го следи квалитетот на воздухот на било која локација во општината.
Денес, промовираме нова, иновативна форма на пристап до нашата апли-кација, која овозможува секој граѓанин, со пристап до QR кодот со својот мобилен телефон, да ја отвори Апликацијата без да се конектира на Веб-страната на општина Струмица.
QR кодот, за достапност на граѓаните (особено младите) може да биде пос-тавен на билборди, на табли во институции, училишта, болници, паркови, улици и слично, каде секој може да има пристап.
Со активирање на QR кодот со сликање од мобилен телефон, се отвора Апликацијата за следење на квалитетот на воздухот во живо во општина Струмица. Се добива следната слика 1 (апликативна форма) која може понатаму да се прегледува, со повеќе можности:
-Следење на концентрации на РМ2.5 во живо на 6 локации во градот Струмица.
-Соодветна боја го покажува нивото на квалитет на амбиентален воздух на секоја локација одделно, во согласност со прикажана Легенда.
-Можност за кликнување на произволна локација со што се зумира истата и дава детални информации за избраната локација.
-Прикажување на ниво на концентрации на РМ2.5 за период од 7 изминати денови (неделен преглед), што овозможува да се следи квалитетот на воздухот на секоја локација одделно (можност за анализа на голем број на податоци).