Решение за свикување на четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на четириесет и петтата седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и петттата седница на Советот на општина Струмица за ден 27.10.2016 година (четврток).

Четириесет и петтата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата  предлагам:

I

Усвојување на Записникот од четириесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица.

II

Д н е в е н   р е д

    1. Предлог – Одлука за определување на места за истакнување изборни плакати за Предвремените Парламентарни избори – 2016 во Општина Струмица;
    2. Предлог – Одлука за учество во реализација на проект на  Центарот за развој на Југоисточниот плански регион;
    3. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2016 година;
    4. Предлог-Програма  за одржување на улиците  во град Струмица, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2016/2017 година во зимски услови;
    5. Извештај за работата  на ЈПКД „Комуналец“ за периодот 1-3 месец 2016 година;
    6. Извештај за работата  на ЈПКД „Комуналец“ за периодот 1-6 месец 2016 година;
    7. Одлука за укинување на Одлуката за изнесување на смет на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
    8. Ценовник за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
    9. Годишен план за вработување во ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2016 година;
    10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1744 КО Дабиља;
    11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 151, 152 и 155/1 КО Баница;
    12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1147 КО Попчево;
    13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2463 КО Свидовица;
    14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7900 КО Струмица;
    15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 4982 КО Струмица; и
    16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 5215/2 КО Струмица.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов