Благодарение на ангажманот на локалната самоуправа на Струмица, проблемот со санитарните јазли во ОУ Сандо Масев Струмица стар 60 години веќе е решен. Општина Струмица заедно со Министерството за образование обезбедија 2 милиони денари со кои се реконструирани санитарните јазли во ова училиште. Околу 800 ученици од ОУ Сандо Масев Струмица, новите санитарни јазли почнаа да ги користат со почетокот на ученбата 2006/2007.