Решение за свикување седумнаесетата седница на Советот на Општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08–9095/1, 07.11.2018 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување седумнаесетата седница на Советот на Општина Струмица 

Ја свикувам седумнаесетата седница на Советот на општина Струмица за ден 15.11.2018 година (четврток).
Седумнаесетата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:

Дневен ред:
1. Предлог – План на програмите за развој;
2. Предлог – Одлука за усвојување на Акционен план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Општина Струмица;
3. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.1262/1, 1714 КО Просениково;
4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр.7898/1 КО Струмица;
5. Предлог – Решение за именување на општински координатор, модератор, ко-модератор и оперативна група за спроведување на форумски процес – проектен форум за реализација на дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“;
6. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈПЕД „Струмица гас“ – Струмица;
7. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Надзорниот Одбор за контрола на материјално-финасиското работење на ЈПЕД „Струмица гас“ – Струмица;
8. Извештај за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот I-VI месец 2018 година.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Maрјан Даскаловски