Градоначалникот Коста Јаневски го посети штандот на Струмица на меѓународниот саем за туризам во Софија, Р.Бугарија. Струмица и Струмичкиот карневал беа претставени пред многубројните посетители на саемот, а бугарските посетители уште еднаш потврдија дека Струмица е исклучително интересна и атрактивна дестинација за бугарските туристи.
Во рамките на посетата на Софија, градоначалникот Јаневски оствари средба со Министерската за туризам на Република Бугарија, Николина Ангелкова и со претставници од повеќе бугарски и грчки општини кои го посетија штандот на Струмица. Исклучителен интерес за соработка со струмичките хотели и за посета на Струмичкиот карневал изрази и Претседателот на Здружението на туристички агенции на Турција Орхан Чеби. Целта на саемската промоција на Струмица е промоција на Брендот Струмица, Струмичкиот карневал и туристичката понуда на струмичките хотели кои имаа одлична можност за воспоставување на контакти со балканските туроператори. Учеството на Меѓународниот саем за туризам „Holiday & Spa Expo” се реализира во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014 – 2020.