Градоначалникот Коста Јаневски го посети штандот на Струмица на меѓународниот саем за туризам во Софија, Р.Бугарија

Градоначалникот Коста Јаневски го посети штандот на Струмица на меѓународниот саем за туризам во Софија, Р.Бугарија

Градоначалникот Коста Јаневски го посети штандот на Струмица на меѓународниот саем за туризам во Софија, Р.Бугарија. Струмица и Струмичкиот карневал беа претставени пред многубројните посетители на саемот, а  бугарските посетители уште еднаш потврдија дека Струмица е исклучително интересна и атрактивна дестинација за бугарските туристи.

Во рамките на посетата на Софија, градоначалникот Јаневски оствари средба со Министерската за туризам на Република Бугарија, Николина Ангелкова и со претставници од повеќе бугарски и грчки општини кои го посетија штандот на Струмица. Исклучителен интерес за соработка со струмичките хотели и за посета на Струмичкиот карневал изрази и Претседателот на Здружението на туристички агенции на Турција Орхан Чеби.   Целта на саемската промоција на Струмица  е промоција  на  Брендот Струмица, Струмичкиот карневал и туристичката понуда на струмичките хотели кои имаа одлична можност за воспоставување на контакти со  балканските туроператори. Учеството на Меѓународниот саем за туризам „Holiday & Spa Expo” се реализира во рамките на спроведувањето на проектот „Промоција на туризмот и културата“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014 – 2020.