Според направениот план на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а во реализација на ЈПКД „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица, денеска, продолжи дезинфекцијата во градот и населените места. Машински и рачно се дезинфицираа периферните улици и тротоари во градот, влезовите во станбените згради, контејнерите и јавните површини. Освен во градот, дезинфекција се извршив и во населените места Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци.
Полицискиот час којшто започна во петокот во 16 часот и ќе заврши утре во 5 часот, максимално беше искористен за комплетна дезинфекција во градот и населените места.