На крстосницата на улицата ,,Јосиф Јосифовски Свештарот” со улицата ,,Боро Џони” дополнително беше подобрен режимот на сообраќај со поставување на сообраќајна опрема гумени флуоросцентни столбчиња и сигнализација, а во тековниот период ќе се обнови и хоризонталната сигнализација за паркирање.Гумени столбчиња се поставени и на крстосницата на улицата ,,Климент Охридски” со локалниот пат кој води кон населеното место Просениково со цел да се зголеми безбедноста на сообраќајот.