Градоначалникот Коста Јаневски денеска ја информираше јавноста за активностите коишто се реализираат согласно Планот за чист воздух оваа година.
Една од приоритетните компоненти на Планот за чист воздух е директното справување со причините за загадувањето, која ги вклучува мерките кои се однесуваат на замена на начинот на затоплување на јавните објекти.
Деновиве се врши промена на нееколошки системи за греење по завршениот Јавен повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година – замена на опрема/нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти преку генерален секратаријат на Влада на Република Северна Македонија.
Се заменува нафтата со гас, односно се врши приклучување на гасоводната мрежа на Струмица гас на:
-КЛОН 1 на градинката „Детска радост“ кај стариот театар
-Зградата на урбанизам и комунални работи
-Поранешната зграда на ЈПКД „Комуналец“
-Во подрачното училиште „Маршал Тито“ Банско од дрва на ТНГ
-Со добиен грант од 5.000.000 денари од Владата на Република Северна Македонија започна приклучувањето на гасоводната мрежа на болницата.
Во завршна фаза е промената на дрвената столарија во домот на АРМ по Јавниот повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година – енергетска ефикасност на јавните и административни објекти преку генерален секратаријат на Влада на Република Северна Македонија.
Со добиен грант од 3.000.000 денари се подобрува енергетската ефикасност во овој објект. Со новите прозорци и врати побрзо и полесно ќе се загрее просторот и значително ќе се намалат губитоците на топлина, а со тоа ќе намали и потрошувачката на електрична енергија. Домот на Армијата е еден од јавните и административни објекти кои се дел од Планот за чист воздух, рече градоначалникот Јаневски.