Систем за интегритет

Home / Систем за интегритет

Што е интегритет?

Концептот на интегритет е составен дел на системот на добро владеење. Кога се зборува за добро владеење, во основа се мисли на градење и негување на духот на интегритет на лично и институционално ниво, со што би се поттикнала и би се обезбедила независност, професионалност и отчетност во извршувањето на надлежностите утврдени со закон и други прописи.

На ниво на една организација, интегритет значи „отпорност на корупција“, додека системот за интегритет го означува збирот од сите политики, стандарди и процедури воспоставени во една организација кои ја зајакнуваат нејзината отпорност кон корупцијата и го намалуваат ризикот од коруптивно однесување од страна на нејзините вработени.

На лично ниво, интегритет значи поседување на знаења и вештини, но и личен етички капацитет, решителност и професионалност да се почитуваат воспоставените правила и практики и секогаш да се работи во полза на јавниот интерес, да се одбегнува можниот судир на интерси и да не се придонесува за создавање негативни и штетни услови и околности во работењето.

 

Што е Корупција?

Под корупција се подразбира „искористување на функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за стварување на каква и да било корист за себе или друг“ (Закон за спречување на корупција).
Со други зборови, корупциајта е штетна појава која постојано треба да се држи под контрола, злоупотреба на дадените јавни овластувања и положба за да се дојде до корист која не би требало да му припаѓа на службеното лице и кое на јавните работи им пристапува од користољубиви мотиви.

 

Што е судир на интереси?

Судир на интереси е состојба на судир меѓу јавните овластувања и должности со приватниот интерес на службеното лице во кој приватниот интерес влијае или може да влијае врз извршувањето на неговите јавни овластувања и должности.

 

Што е систем за интегритет?

Збир на правила, процедури, политики и етички норми, сеопфатен дијапазон  политики, мерки и постапки воведени во општината, за да се зајакне отпорноста на корупцијата, кои:

●    го намалуваат ризикот од корупција на локално ниво;
●    го градат и негуваат духот на интегритет на лично и на институционално ниво;
●    ја поттикнуваат и обезбедуваат независноста, професионалноста и отчетноста во извршувањето на надлежностите утврдени со законите и со другите прописи;

Системот содржи структурирани упатства со детали за процесот на обезбедување сообразност со утврдените правила во општината.

 

Зошто ваков систем?

Градење на ефективна структура што е отпорна на корупција и доволно регулирана е клучна за заложбите во борбата против корупцијата, со цел зголемување на  отпорноста на општината на корупцијата.
Воведувањето на овој систем нуди предности на општината, вклучително зголемување на ефективноста на општината, заштеди и подобар углед.

 

Ефикасно работење на општина Струмица, транспарентноста и отчетноста кон граѓаните претставуваат основни заложби на општинската администрација во насока на превенција и борба против корупцијата.

Во таа насока се и заложбите, а и признанијата добиени за најтранспарентна општина, професионализација на администрацијата, како и принципот на партиципативност при носењето на Буџетот на општината.

Водејки се од тие заложби, општина Струмица е меѓу првите девет општини во Република Македонија што ја имаат потпишано и усвоено сeопфатната политика за борба против корупцијата која се однесува на справување со ризиците од корупција на локално ниво.

Со подршка на UNDP и Дражавната комисија за спречување на корупцијата, одштина Струмица воведе Систем на интегритет, со што станавме пионери во воведувањето на системот на интегритет на локално ниво.

Системот на интегритет е сеофатен комплет на политики, мерки и постапки утврдeни за зајакнување на отпорноста кон корупција на нашата општина.

Превземете го документот за Антикорупциска политика – политика на интегритет на општина Струмица.

Овластено лице за пријавување на корупција во општина Струмица е Марија Гарванлиева.
тел. 034 336104,  Моб. +38976483099
e mail: marija.garvanlieva@strumica.gov.mk