Совет на општина Струмица, Бр. 08-6636/1, 27.10.2021год.
Врз основа на член 37 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/2002) и член 3 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:
Решение за свикување на првата (конститутивна) седница на Советот на општина Струмица
Ја свикувам првата конститутивна седница на новоизбраниот Совет на општина Струмица за ден 03.11.2021 година(среда).
Првата конститутивна седница на Советот на општина Струмица, ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот дневен ред:
1. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Верификациона комисија;
2. Предлог – Решение за верификација на мандатот на членовите на Советот на општина Струмица;
3. Предлог – Решение за избор на претседател на Советот на општина Струмица;
4. Предлог – Решение за избор на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања;
5. Предлог – Одлука за овластување на членовите на Советот на општина Струмица да учествуваат во постапката при склучување на бракови во општина Струмица.
6. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за изработка на Програма за работа на Советот на општина Струмица;
7. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за статут и прописи;
8. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за финансии, буџет и локален развој;
9. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природа;
10. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за култура, образование и спорт;
11. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за здраствена заштита, социјална заштита и заштита на децата;
12. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за јавна безбедност, безбедност на сообраќајот и противпожарна заштита;
13. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за општествени дејности;
14. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите;
Прилог:
– Закон за локална самоуправа;
– Статут на општина Струмица, со измени и дополнувања;
– Деловник на Советот на општина Струмица, со измени и дополнувања;
– Предлог – Одлука – бракови
Напомена: Секој член на Советот, на седницата треба да достави Уверение за избор на член во Советот на општина Струмица.
За седница на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања, треба да се достават предлози по точките од реден број 6 до реден број 14, за состав на постојаните комисии од редот на членовите на Советот на општина Струмица.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски