На денешната 32-ра седница на Советот на општина Струмица, беа донесени повеќе одлуки, програми и планови во интерес на граѓаните и функционирањето на Општината. Советниците ги усвоија предлог – Програмата за работа на Советот на општина Струмица за 2020 година, предлог – Планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица во учебната 2020 / 2021 година.