Спортската гимнастика во Струмица има длабоки корени и сите активности поврзани со неа се тесно поврзани со ДТВ”Партизан”. Со изградбата на спортската сала “Партизан” гимнастиката зема голем замав и во неа се вклучуваат голем број на младинци од Струмица.
Имиња кои оставиле белег во спортската гимнастика во Струмица:
Горги Јанков, Ристо Колев, Атанас Мечев, Никола Николов, Борис Ричлиев, Милан Миланов, Пецо Фончев, Ацо Тушев, Момчило Петровски, Зоран Спасов, Кире Мутавчиев, Марко Јаков, Пепи Каракашев, Дарко Василев, Грозда Шарламанова-Попова, Марија Јанкова, Светлана Костова, Светлана Балван, Христина Стојкова и други.