Трговија
Трговија
Општина Струмица има развиена трговска мрежа, а градот Струмица важи за главен шопинг центар во југоисточна Македонија.
Постојат огромен број на регистрирани трговски компании во Струмица.
Трговските капацитети во Струмица се состојат од: Продавници (малопродажни објекти), стоковна кука, супермаркети, градски пазари, кванташки пазари, трговски центар.
Позначајни локации на трговските објекти во Струмица:
Градски трговски центар (во изградба)
Отворен: февруари, 2008
Местоположба: Централно градско подрачје, меѓу двата булевари “Маршал Тито” и “Ленинова”.
Површина: 34.000 м2,
Опременост: градски пазар од затворен тип, деловни објекти, товарни дигала за дотур на стока по катовите , ескалотори, катна гаража со капацитет од 400 лесни возила.
Трговски објекти по должината на булевар Ленинова и булевар Маршал Тито
На овие булевари се лоцирани повеќе малопродажни објекти, супермаркети, банки, осигурителни компании и деловни канцеларии.
Трговски објекти на ул. Маршал тито (Стара Чаршија)
Претежно се застапени бутици.
Работно време: 09-20 часот, сабота 09-17
Стоковна куќа, во центарот на градот
Во неа егзистираат повеќе трговски друштва.
Градски пазар
Кванташки пазар