Водовод и канализација
Водовод и кананализација
ВОДОВОД
Состојбата на постојаната водоводна мрежа е релативно задоволителна. Во тек е имплементацијата на МЕАП програмата, од кои средства ќе се обезбеди водовод до населените места како и промена на застарената водоводна мрежа во градот. За потребите на градот Струмица, изграден е водоснабдителен систем кој користи површинска вода од акумулацијата Турија.
Водоводната мрежа во градот Струмица се состои од 2 висински зони (ниска и висока). Ниската зона покрива 90% од урбаната површина, а високата зона 10%. Во градот на повисоките места вода се обезбедува со пумпни станици. Во фабриката за вода освен вообичаениот процес на обработка на водата за пиење исто така се врши и озонирање на водата се со цел да се обезбеди квалитетна вода за пиење.Според податоците од ЈПКД Комуналец-Струмица, Општина Струмица располага со:
Должина на главни цевововди во системот: примарна и секундарна
профил мм |
ПВЦ |
ПЕ |
салонит |
лиено железо |
друг |
Вкупно |
Од 1,5″ до Ф400 |
27% |
25% |
27% |
20% |
1% |
70 000 |
Разводна мрежа за селските населби во системот
Профил мм |
ПВЦ |
ПЕ |
Салонит |
Друг материјал |
Вкупно |
Ф140-200 |
0% |
100% |
0% |
0% |
7 500 |
Куќни приклучоци: 8600
Резервоарски простор: 5000 м³+ 1200 м³ + 400 м³
Пумпни станици: 1
Препумпни станици: /
Зони за водоснабдување: 2
КАНАЛИЗАЦИЈА
Целокупна изградена канализациона мрежа: околу 97000м.
Употребени профили од: Ф 200,250,300,350 – 1300
Број на изливни места: 10
Краен реципиент: река Струмица
Покриеност со канализациона мрежа во градот: 95%