Започна со работа новата градинка во Куклиш

Започна со работа новата градинка во Куклиш

Само неколку денови по отворањто на новата детска градинка во Муртино, денес беше предадена во употреба и нова детска градинка во населеното место Куклиш. Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, во придружба на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претседателот на Советот на општина Струмица, ја посети градинката и во изјава за новинарите истакна:

„Со посебно задоволство сум денес во населеното место Куклиш, со цел да ја предадеме во употреба новата детска градинка, наменета за предучилишно образование и ран детски развој за децата од населеното место Куклиш.

 

Со отворањето на градинки во населените места имаме за цел да создадеме еднаков пристап до предучилишното образование за децата во градот и во населените места. Просторниот капацитет на објектот е димензиониран за 60 дечиња, а средствата за уредување се обезбедени преку ИПА Програмата на Европската Унија и од Буџетот на Општина Струмица. Недоволниот сместувачки капацитетна детските градинки во Струмица е еден од проблемите кој подолго време се провлекуваше во општина Струмица. Како градоначалник, суштински пристапив кон решавање на овој проблем, пришто од една страна го прошируваме капацитетот на постојните градинки, а од друга страна отвораме и нови објекти за предучилишно образование во градот и населените места. Ако до пред две години детската заштита во Струмица се извршуваше во 5 објекти, т.н. клонови, денес со задоволство констатирам дека го отворивме осмиот објек за детска заштита, а извесен е и почетокот на градбата на новата детска градинка, односно деветтиот објект за ран детски развој, со кој просторниот капацитет на детските градинки во Струмица ќе се зголеми за над 60%. Во следниот период, заеднички со Министерството за труд и социјална политика, дополнително ќе се стремиме кон подобрување на грижата, негата, воспитувањето и исхраната во детските градинки, со цел создавање на поефикасна и поквалитетна детска заштита“.

Изјава на градоначалникот Коста Јаневски