Аерозагадувањето беше главна тема на новиот состав на Локалниот совет за превенија

Аерозагадувањето беше главна тема на новиот состав на Локалниот совет за превенија

Локалниот совет за превенција во општина Струмица ја одржа првата работна конференција во новиот состав, а ја водеше градоначалникот Петар Јанков.

На конференцијата присуствуваа поголем број претставници од сите релевантни општински и државни институции, претседателот и членови на Советот и претставници на граѓански здруженија кои расправаа по единствената и главна тема на конференцијата – квалитетот на амбиентниот воздух и мерките и активностите кои се преземени и коишто ќе се преземаат во иднина за да се спречи аерозагадувањето во Струмичката котлина.

Оваа актуелна и сериозна тема за Струмица и струмичани, а иницирана од градоначалникот Петар Јанков, предизвика голем интерес кај учесниците на конференција со бројни дискусии, констатации, забелешки и предлози како да се спречи аерозгадувањето и да се обезбеди здрава животна средина за граѓаните.

-Заеднички заклучок е дека во југоисточниот дел на градот има најголемо загадување и во периодот којшто доаѓа треба да се преземат одредени мерки. Тоа загадување не е ново и во последните години се зголемува и треба да најдеме долгорочно и системско решение. Беа наведени и дел од мерките коишто ќе ги преземеме, како што е субвенционирање на клима инвертери со донации и вклучување на јавните институции во надминувањето на овие проблеми.

Инаку, нашите општински инспектори се секојдневно на терен, вршат вонредни инспекциски надзори во соработка со СВР Струмица и имаат поднесено соодветни пријави, дури и кривична пријава за одредени несовесни граѓани кои вршат загадување и овие надзори на инспекторите ќе продолжат и во следниот период, бидејќи нашата цел е граѓаните да бидат запознати со нашето работење, затоа што ако сакаме да имаме добра и развиена општина, мора да имаме транспарентна општина, рече градоначалникот Јанков.