Амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Н.Е Паоло Палминтери денеска беше во посета на општина Струмица.
Посетата ја започна со средба со заменик градоначалничката Елена Маѓеровска Паликарова и секретарот на општина Струмица Александар Оџаков на која разговараа за соработката меѓу Амбасадата и општина Струмица за што потврдија дека досега таа е одлична и така ќе продолжи и понатаму.
Амбасадорот Палминтери се интересираше и за потенцијалите и развојот на општина Струмица за што беше информиран за капиталните проекти кои што се реализирани и во фаза на реализација, а посебно беа акцентирани јавниот електричен превоз, развојот на велосипедската инфраструктура, зголемувањето на јавните зелени површини, а се осврнаа и на проектите кои се започнати и недовршени заради игнорантскиот однос на Владата кон Струмица и нејзините граѓани.



