Вечерва во струмичката Градска галерија, беше промовирана книгата „Грозен бој се почна горе на Балкано“ – македонски народни песни од Струмица и Струмичко од познатиот струмички и македонски фолклорист Иван Котев.
Овој културен настан се случи во рамките на Програмата на Општина Струмица за одбележување на 11. Декември – Денот на заштитниците на Струмица, Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици, а чиј носител беше Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица. Настаните од празничната програма продолжуваат и во наредните денови.