Градоначалникот Костадин Костадинов денеска учествуваше на тематската средба којашто се одржа во домот на АРМ, а што ја организираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со земјоделците и откупувачите на зелка и директорите на државните институции од оваа област.
На средбата се разговараше за пласманот на пролетната зелка по актуелните случувања со војната меѓу Русија и Украина и светската криза. Беше потенцирано дека се бараат алтернативни пазари за нашите земјоделски производи. Министерот Николовски потенцираше дека Владата на Република Северна Македонија е подготвена да интервенира дополнително преку програмите кои веќе ги има донесено или преку нови мерки и механизми се со цел да се обезбеди пласман на земјоделското производство.