Втора научно-едукативна средношколска конференција во Струмица

Втора научно-едукативна средношколска конференција во Струмица

Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица денес беше домаќин на втората научно-едукативна средношколска конференција, реализирана со поддршка на Општина Струмица.

На свеченото отворање присуствуваа и претставници од Одделението за образование и Одделението за култура, со што уште еднаш се потврди општинската заложба за поттикнување на иновативноста и креативноста кај младите. Овие вредности претставуваат значајна предност за нивниот понатамошен образовен развој и успешно вклучување на пазарот на трудот.

Во рамки на тематските сесии од областа на земјоделството, преработката на храна, медицината, ИТ-инженерството и социјалните науки, вкупно 189 ученици и студенти ги презентираа своите истражувачки трудови.